Со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец синоќа го прославија патрониот празник.
Свечената прослава се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Покрај учениците од Лескоец, свои настапи имаа и гостите-ученици од збратименото училиште „Светозар Марковиќ” од Лесковац, Република Србија. како и ученици од училиштето „Мирче Ацев” од село Лисичани, општина Пласница (кичевко), партнер-училиште на ОУ „Ванчо Николески” во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО).
„Мотото на овогодинешниот патронен празник беше „Нека победи љубовта. Инспирација беше да се прикаже желбата на нашите ученици, значењето на љубовта, колку треба да сакаат, во секое поле, во семејството, во работата и во учењето, да не опкружува насекаде, тоа беше инспирација да се предложи такво мото и тоа не водеше низ целиот патронат. Нашите деца беа навистина вредни, вложија многу труд и колегите дадоа се од себе, а секако и гостите. Значи ова вака да се направи бара многу работа, многу труд и време, треба посветено да се работи.“ – изјави директорката Жаклина Трипунова.
WebOhrid/А. Андриоски