Уписот за УЕФА Б курс е завршен и закажан е првиот семинар за периодот од 31.05 – 06.06.2015 во Спортскиот Комплекс на Хотел Истатов, со почеток во 12 часот.
Упис за добивање на УЕФА А Диплома сеуште трае а терминот ќе биде дополнително утврден. Сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ:
-Копија од важечка УЕФА Б Диплома
-Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа.
-Важечко лекарско уверение
-Уплатница за прва рата (200 евра во денарска противвредност)
Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ: 300000001599760 во Комерцијална Банка со назнака за курсот за кој се пријавува
По комплетирање на групите, Центарот за Едукација ќе ги потврди точните термини за одржување на курсевите кои се планираат за втора половина на месец Мај и месец Јуни 2015
Дополнителни информации можете да добиете на мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk и 02/3231537