Утре, сабота со почеток во 10:00 часот, во Националната устаноца-Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се одржи 13-та Фолклорна ревија на песни, музика и игри, од Осмиот регион, на која ќе настапат Фолклорни групи, дуети и солисти од Здруженијата на пензионерите од Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод, Гостивар, Вевчани и Лабуништа, и домаќинот ЗП Охрид и Дебрца.
На Фоклорната ревија ќе се престават над 120 фолклористи од осум градови од југо-западниот крај на Републикава, со староградски рефрени и изворни песни и ора од руралните средини. Учесниците и гостите на Ревијата, од името на организаторот, ќе ги поздрави претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионерие на Охрид и Дебрца,Ѓорѓи Трпчески, и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргироски.Од името на градот домаќин ревијата за отворена, се очекува да ја прогласи градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. Претходно околу 9:30 часот на плоштадот „Свети Климент Охридски“ учесниците на Фолклорната ревија ќе одржат кусо свечено дефиле.
По завршувањето на Фолклорната ревија, на преставниците на градовите учесници,преставник на Комисијата за култура при СЗПМ ќе им врачи Благодарници.