Црвениот крст од Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“ кој под мотото „Од децата за децата“ ќе се реализира на 31-ви мај (недела) во Охрид. Екипите на Црвен крст Охрид утре од 12:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе ги продаваат влезниците за концертот, каде во 14:00 часот ќе се приклучат и „славејчињата“.
Организаторот на настанот СТ-продукација, заедно со Црвен крст Охрид на децата од дневниот ценар „Зраци“ ќе им подари ЦД со детска музика од хорот „Златно славејче“ и сокчиња.