Одржано предавање за едрењето во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање за едрењето – спорт со кој охриѓани се гордеат. Учениците од I до VI одделение се запознаа со вештините на едрењето од инструктори од школата за едрење „Aqua Ice“ од Охрид.

Под мотото „Учиме да едриме“ голем број ученици ја имаа можноста да се запознаат со овој спорт.