Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти) којшто денеска и утре се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски.
Конгресот на ПЕС, претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент како и многубројни гости од други сестрински партии на земји надвор од Европа.
Предвидено е делгацијата на СДСМ и претседателот Зоран Заев да остварат и повеќе средби со високи владини и партиски функционери од сестрински социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии.