На 6-ти јули започнува 54-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2015

Oвогодинешното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од 6-ти до 11-ти јули ќе го одбележи 54-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот, на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Годинава на Балканскиот фестивал најавено е учество на 11 ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните народни песни и игри од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Полска, Турција, Канада.

Отварањето на фестивалот веќе години наназад е резервирано за настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

Манифестацијата е под покровителство на Собранието на Република Македонија, а со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Предвидена е следнава програма:

6 ЈУЛИ (Понеделник)

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 54-ИОТ БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА „ТАНЕЦ“

7 ЈУЛИ (Вторник )

• Ансамбл „Шиљаковина“ Нова Горица – ХРВАТСКА

• Ансамбл „Истанбул – Кадикој“ – ТУРЦИЈА

8 ЈУЛИ ( Среда )

• Ансамбл „Лани“ од Познан – ПОЛСКА

• Ансамбл „Македонка” , Торонто – КАНАДА

• Ансамбл „Вила” , Нови Сад , – СРБИЈА

9 ЈУЛИ ( Четврток)

• КУД „Копачка“ од с.Драмче, – МАКЕДОНИЈА

• Ансамбл „Бартина“ Сегзард , – УНГАРИЈА

10 ЈУЛИ ( Петок )

• Ансамбл “Дримкол” , Вевчани – МАКЕДОНИЈА
• Ансамбл “ од Кирениа – ТУРСКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРЕН КИПАР

11 ЈУЛИ ( Сабота )

СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ СО
• Ансамбл „Софија 6“ од Софија , – БУГАРИЈА
• Ансамбл „Отексфолк“ од Охрид, – МАКЕДОНИЈА