Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денес ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска.
Претседателот Иванов во Загреб ќе оствари средби со претседателот на Република Хрватска, г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, и со претседателот на хрватскиот Сабор Јосип Леко.
Македонскиот претседател ќе ја посети Општина Ѓаково, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница и ќе присуствува на културно – уметничка програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци” од Хрватска.
Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Хрватска, е и министерот за одбрана на Република Македонија, г. Зоран Јолевски.