Македонија падна на 105 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од 5 места и се наоѓа на 105 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот на ФИФА рејтинг листата се искачи Аргентина, потоа следуваат Германија, Белгија, Колумбија, Холандија, Бразил, Португалија, Романија, Англија и Велс.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Белизе, со скок од +37 места се најде на 118 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Централноафриканската Република од -29 места која се најде на 170 место.

WebOhrid