Делегации од министерствата за култура на Македонија и Бугарија денеска имаа неформална средба посветена на секторот креативни индустрии, иницирана од Културно-информативнот центар на РМ во Софија, кој беше и домаќин на средбата.
Претставниците разменија искуства за разработените документи и стратегии за развој на креативните индустрии како гранка која генерира економски раст и отвора работни места.
Деана Данаилова, раководител на одделот меѓународна дејност во Министерството за култура рече дека имаатнационален фонд Kултура кој ги поддржува креативните индустрии. Секоја година тој поставува приоритет во некоја област и преку конкурс се распределуваат средствата чиј износ зависи од годишниот буџет на Министерството.
„Одделно во фондот Култура, има и програма Мобилност, која осигурува патни трошоци за творците кои патуваат со своите креативни проекти за нивно претставување во странство… Ние не сакаме да правиме тесно ограничување накултурните и креативните индустрии затоа што, на пример, туризмот е посебен сектор, но културните и креативнитеиндустрии се меѓу основните ресурси за развој на културниот туризам. Покрај традиционалните индустрии, треба да се поддржат и новите индустрии кои се сврзани со новите технолоогии…. Сега се запознаваме и гледаме како да сипомогнеме и чесно да кажам, можеме и ние многу да научиме од вас“, изјави Данаилова.
Борче Николовски, државен советник во секторот за евроинтеграции во Министерството за култура, ја запознабугарската делегација со она што Министерството прави во креативните индустрии. Стратешките насоки се внесени воНационалната стратегија за култура, а од 2013 се распишуваат годишни конкурси за финансиска поддршка на проекти. Се избираат тие што ги исполнуваат утврдените критериуми и кои се различни – од занаетчиски производи-ракотворби, до органска храна и дизајн. Буџетот за конкурс се движи околу 5,5, милиони денари. Според Николовски, интересот се зголемува со секој нов конкурс.
„Во 2009 година го направивме првото мапирање на креативните индустрии во Република Македонија кое, иако непотполно, ни даде почетен увид во состојбата и потенцијалот на секторот. Тековно, работиме на подготовките за поопфатно мапирање, статистичка и квалитативна анализа чиишто резултати стратешки би можеле да се искористат за дефинирање на наскоите за развој на креативните индустрии. Од денешната средба го издвојувам нашиот неформален договор за меѓусебна размена на податоците од секторот креативни индустрии, како и за текстовите настратешките документи. Воедно, стана збор и за отворената можност за користење на експертизата во оваа област“, рече Николовски.
Во македонската делегација беше и Весна Аврамовска од МАТА-Скопје, корисник на средства од конкурсот на Министерството за култура за поддршка на креативните индустрии, која укажа на можни подобрувања на критериумите за да се добијат поквалитетни проекти.
„Сметам дека критериумите на конкурсот опфаќаат премногу различни групи на апликанти, со различен капацитет, со што бројот на апликации се зголемува. Се оди на квантитет наспроти квалитет. Исто така, даноците кои се однесуваатна секторот што јас го претставувам – креативно занаетчиство и ракотворење, е пожелно да бидат помали поради тоа што овој сектор е посиромашен во однос на други сектори кои исто така припаѓаат во креативните индустрии“, рече Аврамовска.
Директорот на КИЦ на РМ во Софија, Васко Шутаров, кој ја организираше средбата, очекува да продолжат контактитемеѓу двете министерства за култура.
„Ова беше добра можност да се препознаат искуствата од областа на креативните и културните индустрии и да се проектираат можности за идни соработки“, рече Шутаров.