Работнички успеа да го елиминира Трабзонспор од квалификациите за Лигата на Европа.
По првиот дуел во Скопје, кој Работнички го доби со 1:0 денес следуваше реванш мечот кој се одигра во Турција.
Првото полувреме заврши 0:0. Трабзонспор притисна во второто полувреме и во 55 минута дојде во водство од 1:0. Предноста за Работнички од Скопје беше анулирана, а дополнителен проблем претставуваше исклучувањето на Душко Трајчевски, откако поради два жолти картони доби црвен картон во 65 минута. Но, и покрај предноста на домашните, Работнички успеа да издржи се до крајот на регуларните 90 минути.
Натпреварот заврши 1:0 за Трабзонспор, по што се премина на одигрување на две продолженија по 15 минути. Првото продолжение заврши без голови, додека пак во 7 минута од второто продолжение Кире Маркоски успеа да постигне гол и да му донесе на Работнички резултат кој го води во понатамошната фаза од квалификациите за Лигата на Европа.
Работнички е првиот македонски тим што стигнал до оваа фаза од натпреварувањата во Европа. Следниот противник на Работнички ќе биде познат по утрешниот ждреб.
WebOhrid