Во село Долно Лакочереј (кај мостот) денес секретарот и портпарол на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески одржа прес конференција на која истакна:
„Погледнете го овој градежен шут во убавата природа среде Лакочереј. Секако не го создаде природата. Поставен е како неветен, а реализиран проект на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Со денови се носеа овде бетонот и каменот, на само метар од коритото на реката и на самите извори на вода за пиење. На повидок е еколошка катастрофа, а градоначалникот Бакрачески молчи.
Зошто молчи Бакрачески? Дали можеби затоа што овие купишта шут се од реконстукцијата на улицата Питу Гули?
Дали жителите на Лакочереј се должни да плаќаат еколошки данок од реновирањето на улицата Питу Гули?
Дали секогаш кога нешто ќе посегне да направи охридскиот градоначалник, нешто друго ќе расипува?
Според постапките што ги прави, Никола Бакрачески покажува дека ниту е заинтересиран за потребите на граѓаните, ниту пак за животната средина, освен да задоволи бизнис апетити.
ОО на СДСМ Охрид бара од надлежните општински служби веднаш да го отстранат шутот од природната околина во Лакочереј.
За можните последици од неговото истоварање во населено место, близу река и на самите извори на вода за пиење, одговорност ќе носат Бакрачески и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.“- рече Кузески.