Во рамките на одбележувањето на Детската недела, денес учениците од ОУ „Дебрца“, од прво до шесто одделение имаа можност да го проследат анимираниот цртан филм синхронизиран на македоски јазик „Пим и Пом“.
„Посетата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, беше изведена со цел развивање интерес и љубов спрема филмската уметност, подигнување на свеста за седмата уметност – филмот.“– велат од ОУ „Дебрца“.