Деновиве во Охрид се врши заменување на светилките на уличното осветлување, односно досегашните светилки кои светеа жолто се заменуваат со бели ЛЕД светилки.
Со новите улични ЛЕД светилки ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и за граѓаните во Охрид.
Осовременувањето на уличното осветлување го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, со која што Општина Охрид склучи договор за наредните 15 години.
WebOhrid