Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на ОДИХР, предводена од вишиот советник за избори, Ричард Лапин.
Потребата од фер избори во Македонија беше главна тема на разговорот.
Очекувањата се промени на изборното законодавство, доверлив Избирачки список и целосна реализација на Договорот од 2 јуни / 15 јули.
Претседателот Заев ги соопшти последните информации од преговарачкиот процес.
„Ние сме сериозно сме посветени на брзо затворање на точките од Договорот што треба да обезбедат регуларни избори. Тоа е интерес на граѓаните на Македонија и од тоа нема да отстапиме. Ако нема регуларни избори, тоа сериозно ја загрозува иднината на државата и граѓаните“, рече претседателот Заев.
На средбата е констатирано дека се неопходни брзи промени во медиумската сфера, поради лошите состојби со пристрасноста на медиумите констатирани во повеќе меѓународни извештаи, меѓу кои и во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и ЕУ.