Охридскиот екологист Лазо Наумоски, денес испрати еколошко заштитен стручен извештај за Влијанието на НП Галичица врз Охридското Езеро и Преспанското Езеро и нивната флора и фауна.
Во продолжение, го пренесуваме целиот извештај:
„Планината Галичица која се протега на источниот брег на Охридското Езеро во далечната 1958 година прогласена е за Национален парк. Зафаќа површина од 25.000 ha од која 14.000 ha се под шума.
Охридското Езеро зафаќа површина од 358 км2 и образува водена маса од 58 км3 вода. Неговото напојување со вода се врши со 40 подземни и надземни извори, потоци и реки од кои 23 се на Албанскиот дел а 17 на Македонскиот дел.
После Охридското Езеро, во РМ по големина доаѓа Преспанското Езеро. Вкупната површина изнесува 274 км2 со вкупна водена маса од 5 км3.
Сите оние реки кои потекнуваат од повисоките места од сливното подрачје на Охридското и Преспанското Езеро каде се располага со огромна наталожена лисна маса од тамошните шумски зелени појаси, со нејзиното изгнијување се формираат хумусни почви богати со хумусни киселини.
Овие хумусни киселини напролет со топењето на снегот и обилните врнежи се испираат и по природен пат преку сливните реки се вливаат во Охридското и Преспанското Езеро.
Ваквите сливни реки како резултат на хумусните киселини стануваат води со променлива Ph вредност на водата односно кон нивно закиселување. Таквите води не се добри за езерската флора и фауна.
Планината Галичица по својата структура е каменлива и варовита богата со калциум карбонат (СаСО3 ) и сите оние води (извори, реки и потоци) било да се површински или подземни, а се производ од планината Галичица кој се вливаат во водите на Охридското и Преспанското Езеро имаат природна моќ да ги неутрализираат другите води кој се вливаат во Охридското и Преспанското Езеро, а во себе содржат променлива Рh вредност на самата вода.
Присуството на калциум во водите на Охридското и Преспанското Езеро, овозможува развиток на езерската флора (растителна вегетација) богата со калциум.
Ципринидните риби оваа растителна вегетација, односно езерска флора во текот на годината ја користат во исхраната.
Присуството на калциум во водата на двете езера и езерската флора, овозможува правилен развој и развиток на скелетот на рибите од езерата.
Езерската фауна, односно рибите од Охридското и Преспанското Езеро со добро развиен и оформен скелет се добива:
– добро оформена и развиена езерска фауна, односно риби
– способни и вешти во прилагодувањето на езерските услови на преживување
– вешти во движењето и способни да се спротивстават на сите езерски и природни услови во нивниот опстанок во самото езеро
– на добро развиен и оформен скелет се формира и таложи квалитетно рибно месо
– способноста на езерската фауна да се снабдува со храна во двете езера е голема и моќна, а со тоа ќе имаме побрз пораст и прираст на самите езерски риби
– од ваквите квалитетни риби ќе се добие квалитетна икра, односно рибен подмладок кој количински ќе биде поброен и многу поспособен да преживува во водите на Охридското и Преспанското Езеро.
Сево ова зборува дека Националниот Парк Галичица претставува природен феномен за Охридското и Преспанското Езеро. Благодарение на Националниот парк Галичица опстојуваат двете природни езера, Охридското и Преспанското на еден мал радиус на нивно постоење.
ЗА ПОТСЕТУВАЊЕ:
Климатските промени чукаат на врата а последиците со кој ќе се соочиме се следните:
-температурата на земјината топка ќе се покачи од 3 до 5 (степени целзиусови)
-ќе настане прегрупирање на флората од земјината планета
-на местата каде денес се шири и опстојува дабот ќе дојде леската
-на местата каде што денес опстојува буката ќе дојде дабот
-на високите места од планините кој денес исклучиво се со тревната вегетација ќе дојде буката
Ваквите трансформации на флората од земјината топка се последица од климатските промени и човекот мора да се припреми за што побезболно ги преживее без некој долгорочни последици.
Галичица да ја оставиме природно да се развиви богата со флора и фауна. Шумските зелени појаси од Галичица да се со поголем обем а Галичица и понатаму остане како најголем еколошки поддржувач во опстанокот на Охридкото и Преспанското Езеро.
Во интерес на сочувување на природниот феномен на Галичица врз Охридското Езеро неминовно е идните неколку години денот на друвото односно пошумувањето во сливното подрачје на Охридското и Преспанското Езеро да биде помасовно, добро организирано во пределот на Галичица.“– пишува во извештајот екологистот Наумоски.