Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска учествува на регионална конференција во Белград

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествува на Регионалната конференција за Западен Балкан, во организација на Партијата на европски социјалисти, што од вчера се одржува во Белград, Република Србија.

Конференцијата ја отвори претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев а посветена е на европската перспектива на регионот и предизвиците со коишто се соочува Западен Балкан.

Денеска, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе говори на дебатата „Кон солидарност преку дијалог“, во рамки на оваа конференција.