Македонија 4:1 Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на Спортската арена „Филип Втори“ во Скопје одигра пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора.

Уште на самиот почеток, македонската репрезентација прикажа одлична игра. Македонија поведе со голот на Шиков во 35 минута. Веднаш потоа Ибраими беше фаулиран во шеснаесетникот, а сигурен реализатор на пеналот беше Александар Трајковски во 38 минута. При следниот контранапад, во 40 минута, Македонија го зголеми резулатот на 3:0 повторно со гол на Александар Трајковски.

Во второто полувреме продолжи одличната игра на Македонија. Се играше атрактивен фудбал со добро изградени акции. Следуваше хеттрик на Александар Трајковски во 63 минута и водство за Македонија од 4:0. До крајот на натпреварот Црна Гора со голот на Јоветиќ во 89 минута успеа само да го намали разултатот на 4:1.

Следниот пријателски натпревар Македонија ќе го игра во вторник (17 ноември) против репрезентацијата на Либан со почеток во 13:00 часот.

WebOhrid