Под мотото „Детската насмевка е повредна од највредното богатство”, Форумот на жени на СДСМ Охрид вчера организира хуманитарна акција по повод 20-ти Ноември, Меѓународниот ден на детето.
Форумот своите кулинарски специјалитети ги изложи на продажба пред своите сопартијци. Средствата собрани од хуманитарната акција ќе бидат наменети за деца кои живеат во семејства со тешка финансиска состојба.
„Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да потсетиме дека децата се ранлива категорија на општеството, а општеството е тоа кое треба да ја обезбеди нивната благосостојба. Децата се нашите идни судии, во текот на нивниот детски живот секој од нас остава свој печат. Свесни сме дека оваа наша хуманитарна акција не може да го промени нивниот живот, не може да ги реши нивните грижи, да ги оствари нивните неостварени детски соништа, но длабоко сме убедени дека набргу СДСМ ќе создаде услови децата даживеат во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправноста ,ќе го спречи хаосот во здравството и образованието кој со години безмилосно беснее и удира по нашите најмили. Децата се нашето дело на кое најмногу се гордееме. Тие се нашиот поттик и стремеж да делуваме и да градиме подобра иднина.“– велат од Форумот на жени на ОО на СДСМ Охрид.