Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претеседателот на Социјалдемократската партија на Словенија и вице премиер во Владата на Република Словенија, Дејан Жидан.
Престедателите Заев и Жидан ги осудија терористичките напади во Париз и изразија солидарност со семејствата на жртвите и граѓаните на Франција.
Посебно внинамение е посветено на бегалската криза, потребата од почитување на принципите на хуманост, мир, толеранција, солидарност, почитување на човекови права, осуда на говорот на омраза од страна на сите земји во ЕУ, како и од неопходната соработка на земјите од регионот за справување со кризата.
На средбата се разговараше за политичкаите состојби во двете земји, како и за излезните решенија од политичката криза во Македонија.
Претседателот Заев го запозна неговиот домаќин со активностите за изработката на Програмата на СДСМ за предвремените парламентарни избори, за што СДСМ отвори широка граѓанска и експертска дебата.
Договорена е размена на идеи и искуства околу соддржината на програмските цели, со оглед на тоа што и социјалдемократите на Словенија се во период на изработка на новата партиска програма.