Во рамки на предвидените активности за одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес и утре ќе реализира сообраќаен едукативен час со најмладите.
Едукативни проактивни предавања ќе се одржат денес во 11 часот и 30 минути во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, а утре во основното училиште „Григор Прличев“. Предавачи ќе бидат полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид.
Целта на овие предавања е јакнење на свеста за одговорно и совесно учество пред се кај младите во сообраќајот, укажување на потребата почитување на сообраќајните правила и прописи но и да се сврти вниманието и да се алармира на трагичните последици од несоодветно однесување на сите учесници во сообраќајот што доведува до сообраќајни незгоди.
Предавањата треба да ја подигнат безбедносната култура пред се кај младите за одговорност во сообраќајот, поголема совесност, дисциплина со што најдиректно може да се придонесе кон побезбеден и посигурен сообраќај.