Отслужена литургија во манастирот „Св.Наум Охридски“ за празникот Собор на Свети Архангел Михаил

Денеска светата Црква го прославува светиот Архангел Михаил и останатите небесни сили. Празник познат како Собор на небесните сили.

По тој повод, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Владо Недески и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа.