Света архиерејска литургија за празникот „Свети великомаченик Георгиј“

Утре, во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети великомаченик Георгиј“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има само во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.