Кузески: Хаосот што Тодоров и Груевски го направија во здравството се случува и во охридската Општа болница

Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството се случува и во Општата болница во Охрид, рече на денешната прес-конференција Секретарот и портпарол на ОО на СДСМ Охрид, м-р Александар Кузески. Тој кажа дека во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското „одделение немало греење. „Во ек на ниски температури, пациентите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да…

повеќе...

Нови 860 места за згрижување на дечиња во 20 градинки

Согласно програмата за работа на Владата на Република Македонија која беше донесена на средината на годината е предвидено во следниот 4 годишен период да бидат отворени нови 40 капацитети на детски градинки, информира портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. Врз основа на таа програма, Министерството за труд и социјална политика има разработено прецизен план со кој се утврдени сите детали на самиот процес. Согласно планот е предвидено овие капацитети да се воспостават преку три групи на објекти. Првата група се објекти кои ќе бидат новоизградени и во нив ќе…

повеќе...

Детските одморалишта на продажба – можност за интензивирање на туризмот

Една од стратешките определби на Владата на Република Македонија е реализација на политиките за раст и развој на туризмот, која се карактеризира со поголем број на мерки и активности, од чија што имплементација во последните неколку години имаме позитивни резултати за што најголем показател е континуираниот раст на дејноста и растот на бројот на туристите, рече на прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Со цел продолжување на оваа позитивна практика, со цел давање на можности за збогатување на туристичката понуда, ослободување од дел од несуштинскиот имот кој…

повеќе...

„Од сон до сонце“, мотото на годинешното одбележување на Илинден

„Од сон до сонце“ е мотото под кое оваа година ќе биде одбележан најголемиот македонски празник – 2 Август, на кој се слави јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, согласно владината Програма за одбележување на националниот празник која беше усвоена на последната седница на Владата, на прес – конференција изјави дека предвидени се низа активности од спортски, културен, едукативен и државнички карактер. „Она што го изградиле нашите предци е најцврст темел на којшто ја градиме нашата иднина. Сонот за којшто тие…

повеќе...