Од 24 – 29 јуни 2017 година во Варна, Република Бугарија за најдобрите математичари од 19 држави до 15,5 години (VIII, IX одд.основно и I год. средно) се одржа XXI Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО).
Ученичката Христина Митреска ( IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“- Охрид освои бронзен медал во конкуренција од 108 ученици.
На натпреварот официјални учесници се 10 балкански држави, а другите држави се како гости натпреварувачи.