Фудбалската репрезентација на Македонија ја започнува новата 2016 година на 138 место на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија забележа пад од -2 места и моментално е на 138 место од вкупно 209 репрезентации.
Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде и понатаму останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место.
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Тајланд, со скок од +12 места се најде на 121 место, додека пак најголем пад од -45 места има репрезентацијата на Куба која се најде на 136 место.
WebOhrid