Многу верници присуствуваа на литургијата во храмот „Св.вмч.Ѓорѓи“ во Охрид

Денес на  Рождеството на Господ Исус Христос – Божик, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

На Литургијата присуствуваа многу верници, кој во најголем дел пристапија да се причестат со Телото и Крвта Христови.

По завршувањето на Литургијата, протоерјот Никола Христоски го прочита Божикното послание, испратено од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот Архиерејски синод на Макеодонската православна црква – Охридска архиепископија.