СДСМ: Два дена во градинката „Развигорче“ нема греење

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Два дена Јавната детска установа „Јасна Ристеска“ нема централно греење во својот објект „Развигорче“. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење.

Поради ваквите неспособни кадри на ВМРО-ДПМНЕ трпат родителите и децата.

Родителите се револтирани и со право реагираат.

Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или сеуште е под импресии од службеното патување на официјалната делегација на општината Охрид во Нови Сад?! Патем нека им објасни на граѓаните и родителите на измрзнатите деца во градинката во кое својство таа беше дел од таа делегација?

Или можеби е зафатена со уште една Дил-ориентид зделка со продавање своите прирачници во градинката, бидејќи откако е на оваа функција, единствена грижа и е бизнисот со прирачниците од издавачката куќа oд кoјa таа имa личен интерес?

Или можеби со уште една злоупотреба на нејзината функција, со организирање на уште една детска приредба за раководството на Унијата на жени на ДПМНЕ?!

Директорката на градинката е уште една од кадрите на Никола Бакрачески кои единствено мислат на својот луксуз и лично богатење.

Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ веднаш треба да излезат од своите топли канцеларии и да го решат проблемот со греење во градинката во Охрид.“ – се вели во соопштението од ОО СДСМ Охрид.