Жена растргната од глутница кучиња скитници

Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако претпладнево беше нападната од глутница кучиња скитници.

Таа се здобила со тешки телесни повреди откако денес во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил денес во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри одддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела.

По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен и Јавен Обвинител. Тука, докторите констатирале смрт поради здобиени тешки телесни повреди по главата, рацете, нозете и по останатите делови од телото.

Полициската станица од Дебар, во присуство на Јавен обвинител изврши увид на местото на настанот. Притоа забележани се повеќе траги кои укажуваат дека сега починатата била влечена од кучињата. Дел од облеката на сега починатата е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.