Учениците од ОУ „Христо Узунов“ учествуваа на Велигденскиот саем 2016, кој е во организација на Локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвен крст Охрид.
Штандовите на ОУ „Христо Узунов“ беа посетени и од Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.
На просторот на плоштадот „Крушевска Република“ на повеќе штандови е изложена традиционална храна, колачи, велигденски украси и ракотворби, а собраните средства од продажбата ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства во градот.