Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат.

Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар при ЗРСК Пастрмка – Струга, за што реагираше и МВР и ќе биде побарана кривична одговорност за сторителот.

„Апелираме до сите риболовци дека ЗРСК Пастрмка од Струга заедно со Државниот инспекторат за земјоделие и во наредниот период ќе продолжат да спроведуваат акции за спречување на рибокрадство и риболов во забрана за мрест, а оваа година како концесионери се надеваме и на финансиска помош од Владата на РМ со што заштитата би била уште поуспешна.“ – апелираат од ЗРСК „Пастрмка“ – Струга.

IMG_20160527_013706