Скок од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

По победата од 3:1 во пријателскиот натпревар против Азербејџан, Македонија забележа скок од две места на најновата ФИФА рејтинг листа. Македонската фудбалска репрезентација моментално се наоѓа на 139 место.

Македонија има шанса да напредува и на следната рејтинг листа, но тоа зависи пред се од исходот на денешниот пријателски натпревар против Иран, кој ќе се одигра во 19:00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

На врвот од ФИФА рејтинг листата останаа Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи репрезентацијата на Колумбија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Мадагаскар, со скок од +29 места се најде на 108 место, додека пак најголем пад од -16 места има репрезентацијата на Руанда која се најде на 103 место.

WebOhrid