Честитка од Заев, по повод почетокот на Рамазанските пости

По повод почетокот на Рамазанските пости претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, како и до сите верници од ислимска вероисповед.

„На сите верници од исламска вероисповед, и Вам лично, Ви го честитам започнувањето на овогодинешните Рамазански пости.

Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам.

Славејќи го духовното и телесно прочистување, преку својата вера и посветеност, придонесувате за негување и поттикнување на вистинските човекови вредности, хуманост и меѓусебно почитување.

Овој свет месец Рамазан не’ потсетува на тие вредности, темелно важни за нашето општество.

Простувањето, солидарноста, толеранцијата, несебичноста, дарежливоста и меѓусебното почитување се вредности за коишто сите треба да се залагаме и да ги негуваме. Само на тој начин, сите заедно, можеме да ја градиме иднината на Република Македонија“, стои во честитката на претседателот Заев.