Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водаснабдувањето на дел од улиците: „Гоце Делчев“, „Бистрица“ и „Сатеска“ во период од 08:30 до 11:00 часот.

Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.