Балканскиот пејач Дино Мерлин на 23ти јули ќе одржи голем концерт на градскиот стадион „Билјанини извори” во Охрид.
На концертот, тој ќе ги отпее своите најголеми хитови, како и песните од својот последен албум „Хотел Национал”, кој лани го промовираше и во Скопје.
Дино Мерлин во Охрид доаѓа после цели 7 години пауза. Доаѓа со желба и идеја охридскиот концерт да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата оваа турнеја, и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика.