Во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, по 37-ми пат, утре, 2-ри август (вторник), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2016. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата на х. Парк.
Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде од 10:30 часот.