Советничката група на СДСМ Охрид бара да се свика итна седница на Советот на Општина Охрид.
„Сега е време за хуманост и солидарност кон семејствата на настраданите и кон сите други кои ги трпат последиците од невремето. За таа цел, Советничката група на СДСМ и’ предлага на Претседателката на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Гордана Коњановска, да свика утре итна седница на Советот на Општина Охрид, на која би била донесена одлука за спроведување мерки и активности за собирање и испраќање помош до загрозените семејства и институции од Скопје и околината, како и од тетовскиот регион.“- потенцираат од Советничката група на СДСМ Охрид.