Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од едно место и се наоѓа на 138 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Како и изминатиот така и овој месец, нашата репрезентација го дели ова место со репрезентациите на Доминиканска Република и со Виетнам.
Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина пред Белгија и Колумбија.
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Северна Кореја со скок од +18 места се искачи на 99 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Куба од -30 места и се најде на 151 место.
WebOhrid