Стартува 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Точно на пладне од Св. Наум 9 пливачи во машка и исто толку во женска категорија ја започнаа битката за освојување на тронот на јубилејниот Охрдски пливачки маратон.

Стартот на трката во 12 часот го означи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Пред самиот почеток на маратонот, градоначалникот Бакрачески на сите маратонци им посака среќен натпреварувачки ден, мирна вода и освојување на најдобар резултат.

Се очекува околу 17 часот да пристигнат и првите пливачи на целта на Градското пристаниште.