Претседателот Иванов на проштална средба со Латифа Акарбаш, амбасадор на Кралството Мароко во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба ја прими Н.Е. Латифа Акарбаш, амбасадор на Кралството Мароко во Република Македонија.

На средбата претседателот Иванов оцени дека постои позитивна нагорна динамика во билатералните односи меѓу двете земји, со зачестени контакти на високо ниво. Во таа насока, претседателот Иванов изрази подготвеност за интензивирање на соработката во сите полиња од заемен интерес, особено во однос на економската соработка.

Амбасадорот Акарбаш изрази задоволство од вршењето на дипломатската должност и изрази уверување дека Кралството Мароко ќе продолжи со напорите за упапредување на односите и соработка со Република Македонија на билатерален и на мултилатерален план.

Претседателот Иванов се заблагодари за ангажманот на амбасадорот Акарбаш и ѝ посака успех во натамошната кариера.