Заев во Виена: Ова е битка на визија и вредности

Претседаелот на СДСМ, Зоран Заев во познатиот европски институт, Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски во Виена, синоќа, одржа предавање на тема “Македонија на крстосница“, на коешто присуствуваа над 120 истакнати личности, политичари, дипломати, меѓу кои и германскиот посредник за политичката криза во Македонија, Јоханес Хајндл.

„Одбележуваме 75-годишнина од македонската антифашистичка борба. Сојузници во Втората светска војна билеи лево оринетирани и десно ориентирани, демократи и либерали и комунисти и сите зааедно здружени го победиле фашистичкото зло во светот и Европа.

Денес после 75 години, ние повторно сме исправени пред освојување на уште една, помалку различна, но подеднако опасна, уникатна, патриотска битка против авторитарниот режим. Ова е битка на вредности и визија“ рече претседателот Заев додавајки дека актуелната власт ја оттргнува земјата од вистинскиот пат на вредности, за што се бори и ги посакува најголемиот број граѓани во Македонија.

„Веруваме дека Македонија може да има слободни и фер избори на 11 декември. Слободни и фер избори што ќе ја одразат слободната волјан на граѓаните и владеење на правото се првите неопходни чекори Македонија да се придвижи напред“, оцени претседателот Заев.

Тој во излагањето се осврна на целата политичка криза, скандалозното прислушување на граѓаните од страна на власта, криминалот и корупцијата, недемократскиот начин на владеење, протестите на граѓаните по улиците и одлучноста да си ја вратат државата во свои раце.

„Македонија не може да биде безбедна без демократските вредности кои се основни европски вредности што можат да ја гарантираат геополитичката стабилност“ порача претседателот Заев.

„Изборите на 11 декември се Референдум за Македонија. Тие се шанса Македонија да ја потврди својата посветеност на демократијата, транспарентноста и владеењето на правото. Овие избори се нашата можност да покажеме дека и покрај скандалот на Груевски со прислушувањето, што ги отвори фундаментаните прашања за тоа дали нашата демократија е подготвена за Европа, сепак иднината на Македонија и на нејзините граѓани е во Европската унија и НАТО“, додаде претседателот Заев.

Тој зборуваше во голем дел и за иднината на граѓаните на Македонија и за Република Македонија, за Планот што го има СДСМ да овозможи добар живот за мнозинството граѓани кој денеска живеат во сиромаштија, наспроти клиентелистичката власт.

„Ние во СДСМ сме посветени на промена на клиентелистичкиот начин на управување со давање еднакви можности за граѓаните, социјална правда и транспарентност“ рече претседателот Заев констатирајки дека промената на начинот на практикување на одговорноста да се води државата и фер избори во декември се клучни предизвици за Македонија да тргне напре.

zaev1