Вчера во 19.30 часот во ПС Кичево, А.К. (39) од Кичево пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот, додека била на работа во продавница, непознат сторител извршил полов напад врз неа. Сторителот влегол во продавницата и побарал да купи јакна. Кога го услужила, лицето и се доближило и почнало да ја допира по градите. Пријавителката успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија, но сторителот ја следел. Истата земала нож со намера да се одбрани, но тоа не отстапувало од намерата. Во моментот кога се појавила другата вработена, сторителот почнал да се извинува, излегол од продавницата и заминал во непознат правец. Во НК КР Кичево било задржано едно лице од Р.Албанија, а се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, исто така, од Р.Албанија, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил кривичното дело.
ПС ОН Кичево презема мерки за целосно расчистување на случајот.