Агенцијата за туризам со низа активности за време на саемот за туризам во Лондон, Англија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претстави туристичката понуда на Република Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (World Travel Market – WTM London 2016) кој се оддржа во период од 7-ми до 9-ти Ноември 2016.

На саемот ориентиран кон бизнис заедницата, својата понуда ја претставија 50.000 компани, организаи, институции, медиуми и инвестори каде АППТ оствари бројни на состаноци со британски туроператори како што се: Thomas Cook, Flight Center Business Travel, Darrel James Travel, Gem Travel, Reliance Tours, Your Holiday Booking, Euro Japan Holidays, STA Travel, CJL Travel, Blue Stone Travel, Burwood Travel, Bright Sun Travel, Affordable Luxury Travel, Crystal Travel, Peoples Travel, Star Travel и многу други.

За време на саемот Агенцијата за туризам учестуваше и на Aligned Advocacy Dinner организирана од страна на PATA ( Pacific Asia Travel Association), на која Директорката на АППТ, г-ѓа Лела Крстевска, беше главен говорник кој се обрати во име на сите балкански земји зборувајќи за Балканот како туристичка дестинација за азискиот пазар.

На овој настан беа присутни генералниот секретар на Светската туристичка организација – UNWTO, г-дин Талеб Рифаи, претставници од UNWTO, PATA, Trip Advisor, ETOA, Министри за туризам од целиот свет, светски познати туроператори како и претставници од националните туристички институции на балканот.Претставници на АППТ воедно беа дел и од Destination Showcase, настан органзиран од страна на елитниот магазин Travel Weekly на кој беа поканети околу 150 туристички агенции од Велика Британија кои имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали со кои располага Република Македонија, како и можноста за субвенционирање на странскиот туристички промет.