Носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5, Радмила Шекеринска, денес во Охрид во изјава за медиумите истакна:
„Вчера на огромниот митинг во Скопје, граѓаните на Македонија испратија јасна, гласна, масовна порака, дека се за промени и дека се „За живот во Македонија“. Ваква порака ќе чуеме и денес во Дебар, во Струга и во Охрид. Денеска би сакала да испратам слична порака и до оние вработени во администрацијата кои што страдаат од притисоците на власта, до оние неопределени кои сеуште размислуваат кому да му го дадат својот глас. Придружете ни се! Да ставиме крај на заканите, на притисоците, на стравот. Придружете ни се да завртиме нова страница во македонската историја! Гласот на секој е важен и одлучува! Гласот на секој одлучува дали во следните 4 години ќе има преживување или ќе имаме живот, живот на младите во Македонија, живот на сите граѓани тука во Македонија. Зад параванот сами одлучуваме, никој нема да знае за кого сте гласале. Само со силата на пенкалото во своите раце ќе одлучите каде ќе тргне Македонија. Убедени сме дека мнозинството граѓани во оваа држава посакуваат живот, живот на своите најмили тука во државата, во татковината. Убедени сме дека на 11-ти декември со тоа пенкало во рацете ќе одлучите да дадете шанса за сите во нашата држава, за повисоки плати, за помалку притисоци, за подобри пензии, за парите кај граѓаните, за институции кои ќе работат во служба на граѓаните, за правда и за подобар живот овде во Македонија“. – изјави Шекеринска.