Меѓугенерациска средба помеѓу учениците од ОУ „Живко Чинго“ и охридските пензионери

Во Основното училиште „Живко Чинго“ во Велгошти се одржа Меѓугенерациска средба помеѓу учениците и пензионерите од Месниот огранок. Меѓугенерациската средба беше во организација на училштето „Живко Чинго“ и ЗП Охрид и Дебрца. Оваа средба е прва во руралните средини, бидејќи досега вакви средби претходно беа одржани во градските училишта.

Меѓугенерациската средба зпочна со средба на учениците и преставниците на ЗП Охрид и Дебрца на која учениците беа запознати со целта на средбата и нејзиното значење, како се доаѓа до пензионер, како го пополнуваат слободното време и каков треба да биде односот на младите генерации кон возрасните, односно на ученците кон повозрасните генерации, односно кон лицата од третата доба-пензионерите.

Меѓугенерациската средба ја поздравија претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески и директорот на училиштето „Живко Чинго“ Ѓоко Чингоски.

По средбата беше организирана заедничка кулутурно уметничка програма на учениците и пензионерите која се одржа во Спортската сала „Тодор Александров“. Учениците настапија со неколку народни песни, а КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца со музичко-сценската постановка „Билјана платно белеше“.