Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (30) од Скопје.
Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските.
Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странски државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема, мобилни телефони и кредитни картички.
Со сторените дела пријавениот се стекнал со против правна имотна корист која дополнително ќе се утврди.