Македонија на 135 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место и сега се наоѓа на 135 место од ФИФА рејтинг листата.

Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Бразил, додека пак Германија и Аргентина следуваат на второто и третото место.

Најголем скок од +20 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Намибија која се искачи на 136 место. Најголем пад од -18 места забележа репрезентацијата на Кирасо која се најде на 86 место.

WebOhrid