Стојаноски: Ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на Охрид

Нашата визија е Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски културни центри и градови на езера. За да успееме во таа мисија, сите заедно ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на градот. Оваа стратегија многу јасно ќе покажува кои се нашите цели како локална самоуправа. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски.

„Работиме по план. Именуваме работни групи за секој сектор, ги анализираме моменталните состојби, ги дефинираме стратешките приоритети и цели, за на крај да ги зацртаме плановите за акција.“- изјави Стојаноски.

Како што кажа Стојаноски, нивната стратегија за развој е долгорочна и одржлива, бидејќи ќе се темели на нови вложувања во стопанството и рационално користење на просторот.

„Иднината ја базираме на паметните технологии и обновливите извори на енергија. Ги подобруваме економските услови и квалитетот на животот на граѓаните. Ние мора да одлучиме во каков град сакаме да живееме. Со изработката на оваа стратегија, заедно ќе одредиме кои се целите и приоритетите кои сакаме да ги постигнеме како општина. Работиме посветено, бидејќи само така може да го гарантираме успехот. Успехот на еден, ќе значи успех на сите, на целата општина. Една од нашите мисии е создавање транспарентна општина за сите, и токму затоа, за оваа важна стратегија ќе го побараме мислењето на стручната јавност, но и на секој граѓанин. Ќе постигнеме многу, бидејќи сме организирани, отворени за соработка, бидејќи веруваме, бидејќи сме заедно. Сите за Охрид. По 15ти октомври, создаваме подобар Охрид за сите.“– додаде Стојаноски.

WebOhrid