Учениците од Основното Училиште „Христо Узунов“ ја покажаа својата хуманост. Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта.
Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни нерасипливи прехрамбени производи и средства за хигиена и облека.
Од име на ОУ „Христо Узунов“ директорот Тони Симоновски упати голема Благодарност до учениците, родителите и колегите за овој хуман гест.