Кривична пријава за охриѓанец поради бесправна сеча на огревно дрво

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“, „кражба“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Охрид. Пријавениот, во текот на август оваа година, во атарот на охридските села Плаќе и Речица, со моторна пила неовластено извршил бесправна сеча, односно без одобрение за сеча соборил 4 метри просторни буково огревно дрво кое, на повеќе наврати го натоварил во патничко моторно возило „Застава 101-скала 55“ и го пренесол во својот дом на улицата ,,Абас Емин” во Охрид. При транспортот, пријавениот бил забележан од…

повеќе...

Работна посета на претседателот Иванов на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска – 30 октомври 2017 година, престојува во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. За време на престојот во Лондон, претседателот Иванов ќе оствари средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, г. Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер. Во рамки на работната посета претседателот Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот „Оксфорд”, Лорд Крис Патен. Македонскиот претседател ќе има обраќање…

повеќе...

Премиера на „Човекот-делфин“ во Охрид

Приказната за „Човекот-делфин“ во режија на Лефтерис Чаритос ќе може да ја погледнат и охриѓани. Ова е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон. Кој би рекол дека оддалечувањето од површината, каде што сè ни е познато, значи доближување до себеси и до морето од каде што сме излегле? Кој би…

повеќе...

Заев: Граѓаните ја потврдија победата на фер избори, ја продолжуваме акцијата за живот за сите

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Ова е голема победа на граѓаните на Република Македонија. Им честитам на сите граѓани за денешниот празник на демократијата. Имавме демократски, фер, чисти избори. Имавме избори што се вистинска слика за волјата на граѓаните. Резултатот во вториот изборен круг беше очекуван и за нас и за нашиот политички противник, но и за граѓаните. На денешниот втор круг од локалните избори граѓаните ја потврдија победата и уште еднаш јасно се определија за целосни, сеопфатни…

повеќе...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и нема никогаш да ги смета за фер и демократски избори

Текст од прес конференција на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани присутни, Почитувани граѓани на Република Македонија, Во текот на денешниот ден на гласање беа забележани огромни нерегуларности, индиции за поткуп на гласачи, партиско агитирање, притисоци, закани и уцени од униформирани и  неунифромирани лица, физичка пресметка,информации за организиран бугарски воз, односно ставање на однапред заокружени ливчиња, гласачки ливчиња од едни општини носени во други со цел да се извадат ливчиња од тие гласачки места за да се спроведе бугарскиот воз, уцени врз земјоделци, вработени во државна администрација…и на сето ова…

повеќе...

Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Денес е празник посветен на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Едни од оние коишто се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни. Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот…

повеќе...

Лазар Четиридневниот

Лазар Четиридневниот Главното празнување му е на 17 март и на Лазарова Сабота во Чесниот Пост. Под денешниот датум се празнува преносот на неговите мошти од островот Кипар во Цариград. Царот Лав Мудриот изгради храм на Св. Лазар во Цариград и неговите мошти ги пренесоа таму во 890 година. Кога после близу илјада години го откопаа Лазаровиот горб во градот Китија на Кипар, најдоа мермерна плоча со натпис: „Лазар Четиридневниот, пријател Христов.“

повеќе...

Преподобниот маченик Андреј

Денес е празник посветен на Преподобниот маченик Андреј. Христијански свештеник роден на Крит. Во времето на гонењето на иконите се покажа како голем поборник на иконопочитувањето. За да го изобличи злочестивиот цар Копроним за неговото иконоборство, Св. Андреј отиде во Цариград. Еден ден царот беше во црквата на Св. маченик Мамант. Андреј влезе во црквата, застана пред царот и јавно пред сите го укори: „Подобро ќе беше цару да си ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот одошто да Го гониш Христа и Неговите слуги.“ За ова Св.…

повеќе...

Туфегџиќ: Граѓаните на фер и демократски избори ги заокружија промените

Изјава за медиуми, Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на Република Македонија Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, На почетокот дозволете ми да го изразам задоволството од честа што во името на коалицијата како што ја нарековме со граѓаните, која беше формирана за време на предвремените парламентарни избори и која продолжи на локалните избори, го имав задоволството на граѓаните да соопштам дека јграѓаните ни ја дадоа повторно довербата за овој концепт. Граѓаните гласаа фер и демократски и ги заокружија промените низ цела Македонија. Според првичните резултати, кандидатите на СДСМ и коалицијата…

повеќе...